Режисерот Роберт Земекис и глумецот Том Хенкс силно верувале во својата верзија на филмот „Форест Гамп“, што дури и сами го финансирале.
Култниот филм не добил голема доверба од „Парамаунт“ со оглед на тоа што продукциската куќа одбила да ја зголеми сметката потребна за снимање на неколку сцени, вклучувајќи ја и сцената кога Форест трча низ САД, што е една од клучните.
Том Хенкс изјави дека добил известување од Роберт дека студиото одбило да ја снима сцената со трчање затоа што била прескапа. Но, според режисерот, оваа сцена била пресудна, па се обратил кај Том за да бараат алтернативно решение.
– Дојде Роберт и ми рече дека делот со трчањето ќе чини, но ја се согласив да ја поделиме сумата и да им ги вратиме парите на „Парамаунт“, но за возврат тие да поделат малку повеќе со нас од заработката – изјави Том.
Тој дополнува дека и други сцени ги плаќал од свој џеб.

– Студиото ми кажа дека времето е кризно, дека немаат средства за одредени цени. Но јас и Боб го решивме тоа – открива Хенкс.
Нивниот влог длабоко се исплати, затоа што „Форест Гамп“ стана класика, заработувајќи 330,5 милиони долари во Америка и над милијарда долари низ светот.
Се претпоставува дека Хенкс заработил 65 милиони долари. Следната година триумфирал на „Оскарите“. Филмот е прогласен на најдобар филм. Хенкс за најдобар глумец, а Роберт Земекис за најдобар режисер. Од вкупно 13 номинации, филмот се збогати со шест.