Том Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон и официјално станаа грчки државјани, пренесуваат светските медиуми.

На сликата објавена на социјалните мрежи од премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис, двајцата гордо ги држат нивните нови пасоши.

– Рита Вилсон и Том Хенкс сега се горди грчки државјани – напишал Мицотакис.

Оскаровецот Том Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон на грчкиот остров Антипарос се сретнале со премиерот на Грција и со неговата сопруга Марева како нови државјани на Грција.

Двојката и нивните деца станаа почесни грчки државјани минатата година, откако официјална Грција ја истакна улогата на Хенкс во помагањето за подигнување на свеста за пожарите во 2018 година, кои уништија области во близина на Атина и однесоа животи на повеќе од 100 лица.

Рита има грчко потекло, а брачниот пар Хенкс од 2004 година поседува луксузна вила од 450 квадратни метри на островот Антипарос, па така стекнале услови за добивање грчки пасоши.

Парот во 2018 година купи вила во Грција во областа Скала на грчкиот остров Патмос. Камената вила е со тераса со поглед на морето од кој двојката била „маѓепсана“. Во близина на нивната вила има хелиодром бидејќи единствениот начин за пристапување на овој остров е со хеликоптер, пренесуваат медиумите.

Претходно, Том Хенкс ја има прифати православната вера поради неговата сопруга.