Меган и Хари преземаат правни мерки против „Асошиеjтед њузпејпрс“ издавачот на весникот „Дејли мејл“ за објавување приватното писмо што го испратила до татко и Томас Маркл, јавува „Космополитен“.

Според „Ју-ес-викли“, Томас треба да покаже докази против војвотката Меган во правната борба која ја водат Меган и Хари против издавачите на „Дејли Мејл“, кои приватното писмо што таа го испратила на нејзиниот татко го објавиле во неделното издание во октомври минатата година.

„Дејли мејл“ пренесува дека од отуѓениот татко на Меган се очекува да биде повикан како клучен сведок за одбраната, што е невкусно и последното нешто што и треба на Меган во моментов.

Згора на тоа, во изминатиот период се покажа дека Томас веќе им ги давал на адвокатите приватни пораки од нивните меѓусебни разговори, пред нејзината венчавка.

Уште во минатиот октомври принцот Хари објави писмо во кое соопшти дека ќе преземе правни мерки против „Асошиејтед весници“.