Тоалетната даска од домот на Адолф Хитлер во Баварија ќе се продава на аукција идната недела со почетната цена од пет илјади долари. Аукциската куќа во Чесапик сити во американската сојузна држава Мериленд, веруваат дека на наддавањето вредноста ќе порасне и до 15.000 американски долари.

Според аукциска куќа, дрвената бела даска досега била во сопственост на американскиот војник Рагнвалд Борч, на кого при повлекувањето од Бергхоф, на крајот на Втората светска војна, претпоставените му рекле да земе што сака од домот на Хитлер. Покрај еден панцир и две уметнички слики, тој ја зел и оваа даска.

Бергхоф бил дом на Адолф Хитлер во Оберсалцберг, место на Баварските Алпи во близина на градот Берхтесгаден, во Германија. Освен во „Волчјата јама“, неговиот штаб за време на инвазијата од страна на Советскиот Сојуз, тој поминал повеќе време во Бергхоф отколку на кое било друго место за време на Втората светска војна.

Борч ја чувал даската во подрумот на семејниот дом во Њу Џерси а сега ја продава неговиот син.