Тина Тарнер се враќа на сцената со ремикс на својот хит „What’s Love Got To Do With It?“ направен од норвешкиот продуцент и диџеј Кајго, пренесува Си-ен-ен.

Кајго ја објави веста на Инстаграм со заедничка фотографија со Тарнер, со најава дека песната ќе биде достапна утре.

– Сè уште не можам да верувам дека ја остварив оваа соработка со Тина Тарнер и дека сите ќе можат да ја слушнат песната в петок . „What’s Love Got To Do With It?“ која е една од моите омилени песни на сите времиња. Како нереално е што имам можност да соработувам со таков легендарен уметник. Со нетрпение чекам сите вие да ја чуете – напишал Кајго на Инстаграм.

Минатата година ремиксот на песната на Витни Хјустон „Higher Love,”, направен од Кајго  се искачи на прво место на листата „Билборд Хот 100“. Насловната песна на Витни Хјустон во продукција на Стив Винвуд со неговата оригинална верзија и во 1986 година била број еден на „Билборд Хот 100“.