По позитивните критики за неговата прва песна „Да не е млако“, Методи Поповски познат како Мето Ди Флеш, неодамна беше промовирана и неговата втора нумера со наслов „Те чекам“. Песната е во модерен динамичен фанк стил.

– Карактеристично за песната, за којашто јас сум автор на текстот и музиката е тоа што соработувам со повеќе музичари од различни држави. Главното студио е во Струга од каде што пеам јас со Марија Мечкароска и Тео Нестороски. Од студиото во Скопје на Стефан Петаноски, свири бас Џоле Максимовски, а пее Ана Петаноска. Во американското студио саксофонистот Томи Леб снима брас-секција, а во Полска Зоран Кречо прави мастеринг на песната. Се надевам дека и оваа песна ќе наиде на добар прием кај публиката, што ќе биде поттик за мене да работам и понатаму – вели Мето.

Видеото е во продукција на „Флеш продакшн“ од Струга. Снимено е во охридскиот скејт парк, како и на улиците низ градот.

Мето Ди Флеш е познат по неговите караоке-настапи по локалите во градови низ целата држава.