Опаѓа продажбата на паметните телефони

Пандемијата на коронавирусот генерално го зема данокот низ целиот свет, а особено тешко ја погоди и индустријата за производство на паметни телефони.
Според податоците на „Стратеџи аналитикс“, продажбата на паметни телефони, минатиот месец се намалила за 39 отсто, додека пратките се намалиле за 38 отсто во однос на минатата година.
Избувнувањето на ковид-19 во Кина, го наруши и синџирот за снабдување на паметни телефони и, следствено на тоа, ја намали и побарувачката на потрошувачите. Компанијата „Самсунг“ остана лидер во индустријата за испорака и продажба, при што заостануваат „Епл“, „Шаоми“, „Хуавеи“, „Оппо“ и „Виво“, според Андроидауторити.ком.
Интересно е тоа што бројките на „Стратеџи аналитикс“, откриваат дека „Шаоми“ го надминал „Хуавеи“ во вкупната продажба и испорака за време на оваа криза. Оттаму се сомневаат дека сето тоа се должи на фактот дека „Шаоми“ ја објави својата последна верзија на паметен телефон во февруари: „шаоми ми 10“.