Кинеската компанија „Опо електроникс“ патентира паметен телефон што вклучува секундарен екран, кој може да се одвои.
Секундарниот екран ќе може да се користи во ситуации кога на корисникот му треба поголема површина. Компанијата ЛГ претходно работеше со мобилни телефони, како моделот „В60 тин кју“ (V60 ThinQ), кој имаше втор екран што се одвојува, но овој производител потврди дека повеќе нема да произведува мобилни телефони. Сега се чини дека сличен уред на пазарот ќе пласира „Опо“.
Компанијата патентира уред со секундарен екран што се поврзува со механизам клип-он, со шарка, благодарение на која може да се отвора и затвора како книга, со можност за целосно одвојување на вториот екран.
Сè уште нема официјални детали за уредот. Екраните на мобилните телефони на ЛГ може да функционираат независно, на едниот може да се гледа Нетфликс, а другиот да се користи за нешто сосема друго.
„Опо“ го патентира својот дизајн во март годинава, но тоа не е гаранција дека ќе видиме сериска верзија. Сепак, дефинитивно е потврдено дека размислува за алтернативни форми, за што сведочи флексибилниот паметен телефон „опо екс 2021“, чиј екран се шири, со што може да се префрли од конвенционален 6,7-инчен екран на мини-таблет со 7,4-инчен екран, како и уредот „опо екс нендо“, кој може да се преклопува.
Од друга страна, можно е новиот уред да се појави на пазарот во 2022 година.