Компанијата „Епл“ дефинитивно не е единствениот производител на паметни телефони за кој се шпекулира дека ќе произведува електрични автомобили, сега е тука и кинеската компанија „Шаоми“.
„Шаоми“ планира да произведува електрични автомобили за „масовниот пазар“, пренесува „Ројтерс“.
Детали за електричните автомобили сè уште не се познати, но би требало да се произведуваат во фабриката на кинескиот автомобилски гигант „Грејт Вол моторс“. Првиот модел се очекува во 2023 година.
„Шаоми“ во моментов е еден од најголемите производители на паметни телефони во Кина, работи за мал профит, но електричните автомобили може да донесат многу поголеми и посигурни приходи за оваа компанија.
Слични идеи имаат и други компании, како „Епл“, „Хуавеи“, па дури и „Баиду“, кој веќе го претстави својот план за производство на електрични автомобили со помош на автомобилската компанија „Гили“.
„Шаоми“ вложува многу во својот екосистем за привлекување клиенти и произведува други уреди освен паметни телефони, од паметни телевизори до шпорети.