„Самсунг“ развива мобилен телефон со двојно преклопување

Компанијата „Самсунг“ неофицијално работи на паметен мобилен телефон со двоен механизам на преклопување, пренесува порталот „Д верџ“.
Станува збор за уред што ќе се состои од три сегменти поврзани меѓу себе со две шарки, а би можел да биде претставен најрано до крајот на годинава. Паметниот телефон би бил третата опција во опсегот на телефони на „Самсунг“ и ќе им се придружи на моделите „галакси зет фолд“ (Galaxy Z Fold) и „галакси зет флип“ (Galaxy Z Flip), чии нови верзии треба да се појават исто така оваа година.
Веќе видовме мобилни телефони со двојно преклопување, а еден од нив беше прототипот на „Шаоми“, кој се преклопуваше во две точки. Меѓутоа, „Самсунг“ го усвои поприспособениот дизајн на „галакси фолд“ за својот нов уред на преклопување, а „мејт екс 2“ на „Хуавеи“, исто така, користи сличен дизајн како оној на „Самсунг“.
Претставувањето на новиот уред може да зависи и од недостигот од чипови, што влијае врз целата индустрија, а познато е дека производството на уреди на преклопување бара повеќе труд во изработката во споредба со производството на стандардните мобилни телефони.