Aвтономен летачки робот открива и бере зрели плодови

Компанијата „Тевел аеробиотик технолоџис“ разви автономен летачки робот (ФАР) што користи вештачка интелигенција за откривање и берење зрели плодови. Берењето овошје е физички труд што може да бара многу стоење, клечење и искачување, но честопати е слабо платена, сезонска и повторувачка работа што не дава многу можност за напредување, а помладите генерации ја градат иднината во урбаните области. Како резултат на тоа, има сè помалку берачи на овошје. Решението може да бидат роботи што собираат посеви.
Роботот ФАР може да се користи насекаде во светот и да го реши проблемот со недостиг од работна сила, а истовремено ги намалува и трошоците. Роботот користи алгоритми за перцепција на АИ-технологија за лоцирање на дрвото, како и алгоритми за видот, за откривање на плодот. При берењето овошје, времето е многу важно, бидејќи овошјето собрано со двонеделно задоцнување губи 80 проценти од својата вредност. Роботите берат само зрело овошје и го класифицираат според големината и зрелоста. Повеќе роботи може да работат на една локација, без ризик од судир, затоа што се контролирани од еден автономен „дигитален мозок“. Предноста на роботите е што тие можат да работат 24 часа на ден. Споменатата компанија посочува дека роботите не ги заменуваат луѓето, туку само може да им бидат од помош.