„Моторола“ претстави два нови телефони од линијата „мото Г“

„Моторола“ претстави нови членови на семејството „мото Г“, поточно „мото Г10“ и „мото Г30“. Компанијата очигледно ја смени својата номенклатура оваа година, „мото Г10“ е основен модел, додека „мото Г30“ е понапреден, а со тоа и малку поскап модел. Уредите се слични на повеќе начини, и двата имаат 6,5-инчни ХД плус екрани, со резолуција од 1.600х720 пиксели и камера за самослик поставена во форма на капка. Разликата е во фреквенцијата на освежување, која е 60 херци за „мото Г10“ и 90 херци за „мото Г30“.
Сензорот за отпечатокот на прстот и кај двата модела е монтиран на задната страна, имаат странично физичко копче за „Гугл асистент“, а се напојуваат од истата батерија од 5.000 мегаампери. Сепак, „мото Г10“ поддржува 10 вати, а „мото Г30“ 20 вати полнење. На задната страна на двата уреда има четири камери, имаат ултраширока од осум, макро од два и сензор за длабочина од два мегапиксели, но „мото Г10“ има главна камера од 48, додека „мото Г30“ има главна камера од 64 мегапиксели. Првиот модел има предна камера од осум мегапиксели, додека вториот од 13 мегапиксели. Разликата е во тоа што „мото Г10“ работи со процесорот Снапдрагон 460 на квалком, спарен со четири гигабајти РАМ и доаѓа со 64 или 128 гигабајти внатрешна меморија, а „мото Г30“ има помоќен Снапдрагон 662, 4 или 6 гигабајти РАМ и 64 или 128 гигабајти внатрешна меморија. Двата уреда поддржуваат 4Г мрежа.