„Шаоми“ го претстави „ми 11“ за глобалниот пазар

Најновиот предводник на „Шаоми“, кој од Кина излезе на глобалниот пазар е паметниот телефон „ми 11“. Компанијата „Шаоми“ најави меѓународна верзија на „ми 11“ откако претходно се појави на кинескиот пазар. „Ми 11“ користи процесор „квалком снапдрагон 888“, првиот што е достапен во Кина, а кој поддржува и 5Г-мрежа. Покрај тоа, паметниот телефон има осум гигабајти РАМ и 128 или 256 гигабајти внатрешна меморија.
Екранот се чини дека е ист или многу сличен на „самсунг галакси С21 ултра“. Работи со малку закривен 6,8-инчен ОЛЕД-панел со резолуција од 1.440 пиксели, со фреквенција на освежување од 120 херци и максимална осветленост од 1.500 нити. На задната страна е главната камера од 108 мегапиксели, а исто така има и ултраширока камера од 13 и телемакро камера од пет мегапиксели. Камерата за самослик од 20 мегапиксели се наоѓа на предната страна на екранот.
Уредот се напојува со батерија од 4.600 мегаампери што поддржува 55 вати жично и 50 вати безжично полнење, но исто така и реверзибилно полнење од 10 вати на друг уред. Го користи интерфејсот МИУИ 12 базиран на Андроид 11.
Моделот со осум гигабајти РАМ и 128 гигабајти внатрешна меморија чини 749 евра, додека моделот со осум гигабајти РАМ и 256 гигабајти внатрешна меморија чини 799 евра.