Најголемиот дрон на светот ќе лансира сателит

РАВН-Х не користи специјално полетувалиште, туку стандардна писта. Првиот лет ќе го направи за американските вселенски сили. Ќе носи ракета што ќе лансира сателит во орбитата на надморска височина од 20 километри.
Се чини дека времето на долгите подготовки за лансирање поминува, затоа што се случува да се откаже поради лошите временски услови и, на крајот, сѐ се чини како залудно потрошени пари и труд. Денеска низ орбитата кружат многу сателити за различни намени, метеоролошки, комуникациски, воени…
Се чини дека сегашната постапка за лансирање сателити во орбитата ќе се промени. Американската компанија „Аевум“ го претстави првиот дрон чија цел е да постави сателит во орбитата. Овој РАВН-Х е роботизиран дрон, кој работи без пилот, но исто така и без специјално полетувалиште, односно користи стандардна писта. Првата мисија на новиот дрон е планирана за 2021 година, кога, по тестирањето, ќе се изврши првиот лет на сметка на американските „Спејс форс“.
Дронот за почеток нема воени цели, туку научни. РАВН-Х засега е најголем дрон на светот. Долг е колку два автобуса, личи на мешавина од ракета и птица. Ракетата е насочена кон вселената, каде што остава сателит со маса од 100 до 500 килограми во орбитата. Ракетата потоа се губи во атмосферата.