Колку троши полначот кога не полни

Колку трошат полначите за мобилен телефон, лаптоп или за таблет? Дали ќе заштедиме електрична енергија и пари ако ги исклучиме по употребата?
Еден ИТ-портал работеше на оваа тема и доби интересни податоци со помош на мерач на електрична енергија. Тие го вклучиле мерниот инструмент, а потоа ги вклучиле и полначите. Поединечен полнач практично не трошел електрична енергија кога не бил приклучен на телефон или на лаптоп. Но кога вклучиле неколку полначи одеднаш била регистрирана потрошувачка од 0,3 вати.
Седум полначи, според оваа пресметка, кога ќе останат вклучени по полнењето, трошат 2.628 киловат-часа електрична енергија за една година. Секако, без оглед на тоа што тие не трошат многу електрична енергија, би било добро по полнењето да ги исклучите полначите, и поради безбедносни причини и за да заштедите електрична енергија.
Некои претходни истражувања покажаа дека град со 100.000 жители може да се напојува со електрична енергија еден месец доколку сите полначи во светот се исклучат по полнењето на телефоните, таблетите, лаптопите и другите уреди.