Ќе се симулира иднината на градовите

Со најголемиот компјутерски чип во светот, наречен „ЦС-1“, ќе биде можно да се направи симулација на иднината на градовите. Истражувачите тврдат дека тоа може да се постигне побрзо од „законите на физиката“. Чипот се состои од 1,2 трилион транзистори и е 200 пати побрз од суперкомпјутерите што се користат за симулации во електроцентралите.
Се покажал како многу силен при анализата на повеќе од милион варијабли, што, меѓу другото, се однесува на температурните флуктуации и 3Д-симулација на движење на воздухот. Во развојот на чипот учествувале компанијата „Серибрас“ и Американската национална лабораторија за енергија. Бројот на неговите транзистори е 22 пати поголем од чипот Нвидиа А100, наменет за суперкомпјутерите.
Чипот ќе се користи за моделирање разни симулации, а од „Серибрас“ најавија и нов чип, кој ќе содржи 2,6 трилиони транзистори, што би овозможило изведување уште покомплексни симулации, пишува „Индипендент“.