„Епл“ наскоро со нови паметни часовници и ајпад ер

„Епл“ наскоро ќе претстави неколку уреди, меѓу кои се два часовници, наследници на моделот серија 5 и на поевтиниот модел серија 3 и нов ајпад ер. Компанијата годинава планира да продаде меѓу 75 и 80 милиони 5Г-ајфони, а тоа е еднакво или нешто повеќе од бројот на продадени мобилни телефони во изминатите неколку години. Ова е јасен показател дека во „Епл“ сметаат оти пандемијата на коронавирусот нема да предизвика намалување на побарувачката.
Наскоро „Епл“ ќе претстави и четири нови ајфони со ОЛЕД-екрани, кои ќе бидат достапни во величини од 5,4, 6,1 и 6,7 инчи.

Верзијата со 6,1-инчен екран ќе биде опција за промодел со челичен рам, како и за нешто поевтин еквивалент на ајфон 11, кој има алуминиумски рам. Ќе може да се купи и во темносина боја, што ќе го замени зелениот 11 про. Епловиот 6,7-инчен ајфон про би можел да биде единствениот уред од понудата со ЛИДАР-екран, што дебитира годинава, со доаѓањето на ајпад про. Сите нови ајфони ќе поддржуваат 5Г-мрежа, а ќе имаат и нов дизајн со остри агли.
Американската компанија ќе претстави и нов ајпад ер со тенки рабови, нешто слично како во случајот на ајпад про. Овој ајпад ер веројатно ќе има 10,8-инчен екран.