„Нинтендо“ планира нов модел на конзолата „Свич“ наредната година

Изминатиов период имаше доста гласини од извори што тврдеа дека имаат сознанија за целосно нов модел на конзолата „Нинтендо свич“. Новите информации сугерираат дека компанијата „Нинтендо“ се подготвува за производство на новa наградена верзија на моделот „Свич“ и нови игри, кои би требало да се појават на почетокот на 2021 година, пренесе „Верџ“.
Според тајванскиот „Економик дејли њус“, новата верзија на „Нинтендо свич“ ќе понуди подобрена интерактивност. Ова укажува на преработени контролори „џој-кон“, а би можело да пристигне и дисплеј со повисок квалитет.
Изворите на овие информации, според наводите, биле вклучени во производството на ССД-складирањето, контролорите и другите сектори за производство на „Нинтендо“. Засега не е можно да се верификува веродостојноста на овие информации.
Ова не е првпат да се споменуваат информации за нов модел „Свич“.уредот „Премиум свич про“ се спомнуваше уште во текот на 2018 година, само една година по објавата на оригиналната конзола.