Претставен најбезбедниот телефон во светот

Од Финска, земјата од која потекнува еден од најпопуларните телефони досега, „нокиа 3310“, доаѓа паметниот мобилен телефон „битиум таф мобајл 2Ц“, телефон со најдобри системи за заштита.
Овој паметен телефон е цврст и внатре и однадвор, но вешто го прикрива тоа со суптилниот дизајн на деловен телефон. Работи на два оперативни системи – стабилен Андроид 9 и сопствен оперативен систем (кој е базиран на Андроид), а исто така има и бесплатен безбедносен клуч „јубико 5 НФЦ“.

Двата оперативни системи се целосно одвоени еден од друг, а уредот има и перманентно овозможен ВПН (VPN) и поддршка за сопствено управување со мобилни уреди. Самиот уред може со сигурност да издржи удар, а доаѓа и со режим на приватност што може да се активира со допир само на едно копче, оневозможувајќи Блутут, микрофон и камера. Инаку, мобилните телефони „битиум“ не се достапни секаде, но се познати во деловниот свет поради нивната безбедност. Досега се излезени моделите „битиум таф мобајл“, „битиум таф мобајл Р“, „битиум таф мобајл Ц“, „битиум таф мобајл 2“ и најновиот „битиум таф мобајл 2Ц“.