Легендарната игра „Мајкрософт солитеир“ го прослави својот 30-ти роденден

Иако се појави пред три децении, „Солитеир“ сè уште е популарна и ја играат 35 милиони играчи месечно, односно 100 милиони играчи секој ден низ целиот свет. „Мајкрософт солитеир“ првпат се појави во Виндоус 3.0, уште во 1990 година, и беше дизајнирана за да ги научи корисниците како да го користат глушецот. Фаќањето на виртуелните карти и нивното придвижување ги научи корисниците на основите на „влечење и спуштање“ на Виндоус, кое се користи и денес.

„Мајкрософт солитеир“ прво беше наречена „Виндоус солитеир“ и стана една од најпопуларните игри во светот. Доаѓа со секоја верзија на Виндоус повеќе од две децении. Тоа значи дека таа била дел од повеќе од милијарда компјутери. Играта беше програмирана од практикантот на „Мајкрософт“ Вес Чери, а Сузан Каре е одговорна за дизајнот.

„Солитеир“ активно ја играат милиони луѓе во светот, а истата таа во Куќата на славните светски видеоигри влезе минатата година. Се игра на повеќе од 200 пазари, а достапна е на 65 јазици, пишува „Д верџ“.
Треба да се напомене дека играта престана да биде дел од Виндоус кога се појави Виндоус 8 во 2012 година, но беше обновена три години подоцна, со доаѓањето на Виндоус 10. Сега таа е достапна на сите главни оперативни системи – Виндоус, иОС, Андроид.