Апликации за подобар сон

Апликациите што нудат помош за заспивање и за набљудување на сонот стануваат сè попопуларни, а со појавата на нови носливи уреди тие стануваат попрактични од кога било порано.
Калм: освен медитација, нуди приказни за добра ноќ и звуци на ноќ помината под ѕвездите или покрај извор на вода, дожд, звуци од природата, бучава на електрични апарати и слично.
Сламбер: комбинира медитација и помагала за спиење во форма на голем број звуци од природата, бел звук, приказни пред спиење, водени медитации и многу повеќе.
Слип цајкл: наместо да ви помогне да заспиете, го следи вашиот сон. Откако ќе го ставите паметниот телефон на ноќната маса или душекот, тој ќе ги сними звуците како се превртувате на креветот. По некое време, тие ќе соберат графикони и статистики за вашите модели на спиење.
Пилоу: работи со користење вграден акцелерометар во ајфон или епл часовник за следење на движењето во текот на ноќта. Потоа ги става сите податоци во едноставен графикон што го следи здравјето на вашиот сон со текот на времето и се синхронизира со апликацијата за здравјето на ајфон.