Компанијата „Тесла“ го промовираше својот втор автомобил на електричен погон, „Модел Ипсилон“, чија почетна цена е 47 илјади долари.

Директорот на компанијата, Илон Маск најави дека стандардната верзија по цена од 39 илјади долари ќе биде достапна од 2021 година.

Маск претходно го опишуваше „Модел Ипсилон“ како дел од плановите за пристап до поширок круг потрошувачи, следејќи го примерот на „Моделот 3“, кој е најевтиното возило на овој бренд, што се појави на пазарот во 2017 година.

Првиот, поскап модел ќе може да мине 482 километри со едно полнење, а стандардниот ќе има „домет“ од 500 километри.

Првите испораки се очекува да почнат наредната година, а за нив веќе има десетици илјади заинтересирани купувачи.