Телескопот на американската вселенска агенција НАСА наречен ТЕСС, кој е во потрага по егзопланети надвор од нашиот Сончев Систем, ги надмина очекувањата и досега пронајде повеќе од 2.200 потенцијални планети.
ТЕСС ја започна својата мисија во 2018 година, а меѓу 2.200 планети има стотици што се помали и меѓу кои има карпести светови слични на Земјата. Сепак, не мора да значи дека тие се погодни за живот.
Се очекуваше телескопот да најде околу 1.600 планети во првите две години, но целта беше значително надмината. ТЕСС досега собра необични откритија, како што е карпестата планета ТОИ-700, оддалечена околу 100 светлосни години, ЛСХ 3844 б, која е „жешка суперземја“, TOИ 1690 б што е редок остаток од црвена џиновска ѕвезда, како и ТОИ 849, која се чини дека била гасен гигант што ја изгубил својата атмосфера или никогаш не ја ни имал.
Досега се потврдени само 120 планети, а НАСА се надева на идните летала како што е вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“, за да може подетално да ги проучува планетите.