Американската рок група „Твенти уан пајлотс“ влезе во Гинисовата книга на рекорди со  со најдолгото музичко видео на сите времиња.

Групата во јуни ги повика своите обожаватели да испраќаат видеоснимки што ќе бидат вклучени во спотот за песната „Level of Concern“, за создавање постојан стриминг на автоматски генерирани снимки кои се менуваат секој пат кога песната ќе започне одново. Обожавателите придонеле во постигнувањето на гинисовиот рекорд со испраќање на повеќе од 162 илјади снимки.

– Откако тапанарот Џош случајно го прекинал стримингот на спотот, од Гинисовата книга на рекорди ги проверија статистиките и официјално го прогласија за најдолг на сите времиња – објавил бендот на Твитер.

Стримингот бил прекинат минатата недела по што спотот официјално се здоби со титулата на светски рекордер. При соопштувањето на рекордот од страна на Гинисовата книга на рекорди, наведено е дека спотот траел 117 дена, 16 часа, 10 минути и 25 секунди, од 21 јуни до 16 декември годинава, додека бендот на Твитер објави дека стримингот траел 178 дена.