Британската поп-ѕвезда Роби Вилијамс потврди дека ќе го објави својот прв божиќен албум, а на него и дуо со поранешниот светски шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури.

Со наслов „Божиќен подарок“, Вилијамс ќе го објави албумот со 28 песни за божиќните празници, а ќе му помагаат Род Стјуарт, Брајан Адамс и Џејми Калам, како и Фјури. Популарниот „Џипси кинг“ ќе биде присутен на песната „Лоша Шерон“.

Вилијамс се запознал со Фјури во јуни во Лас Вегас по победата над Том Шварц, и веднаш го прашал за соработка.

– Тајсон ме покани во соблекувалната пред мечот и веднаш му кажав дека сум го слушнал како пее во рингот и го поканив да биде гостин. Тој веднаш се согласи – вели Вилијамс.