Тајлер Пери е новиот холивудски милијардер, ова го обелодени престижниот магазин „Форбс“, кој нето-вредноста на Пери ја процени на над една милијарда долари. Магазинот тврди дека од 2005 година наваму тој има заработено повеќе од 1,4 милијарда долари нето-приход, пред оданочување.
Списанието исто така открива дека режисерот поседува креативна продукција, која вклучува повеќе од 1.200 телевизиски епизоди, 22 филма, најмалку дваесет сценски претстави и студио во Атланта, кое е изградено на негов сопствен имот од 330 хектари.
Пери, актер, писател, продуцент и режисер, е еден од најплатените луѓе во престолнината на забавата.
– Откако Тајлер Пери на светот му го претстави ликот Мадеа, работите сами си течеа за него – коментира порталот ТМЗ.