Изминатиот викенд, познатиот македонски пејач Тајзи првпат имаше настап во белградскиот клуб „Д бенк“, кој е прогласен за најдобар во Источна Европа – престижна награда што ја добива третпат од светската организација „Ворлд фајнест клубс“.

Пред српската публика Тајзи првпат ја испеа „La bonboniera“, за која периодов ќе се снима и спот, продуциран од „Балкатон“. Освен нова песна на српски јазик, Тајзи подготвува и новитет за домашната публика. Станува збор за мелодијата „Гори“.