Тајзи деновиве на својот јутујуб-канал го претстави новиот спот за песната отпеана на српски јазик – „Мој живот, моја ствар“, која носи интересна порака. Видеото е во вид на стрип и е нешто ново, што првпат го гледаме на нашите простори, а режисер на спотот е самиот Драган Величковски-Тајзи. Инаку, ова е 18-ти спот на популарниот македонски рапер, а Тајзи најавува уште 5 нови песни до крајот на годината. Наскоро ќе ја слушнеме и песната што резултираше од соработката со Викторија Лоба, а во мај ќе биде промовирана уште една соло-песна на македонски јазик. По нив, пејачот ја најавува својата првата англиска песна, која ќе излезе во јули. Неколку од песните се реализирани во соработка со продукцијата „Балкатон“ од Србија, а сите се авторско дело на Тајзи и на Роберт Билбилов, со кого заедно најавуваат многу изненадувања на македонската музичка сцена, како и лето исполнето со настапи низ целата земја и во регионот.