Објавен е список на 10-те најдобри и најлоши земји за живеење и работа за време на пандемијата. Новото истражување на „ИнтерНејшнс“ откри кои земји се најдобри за живот, односно во кои земји во светот се наоѓа најдобрата рамнотежа помеѓу приватниот и деловниот живот. За време на истражувањето, земени се предвид неколку фактори – работно време, слободно време, финансиска состојба, гостољубивост на земјата кон имигрантите, квалитет на животот… Интервјуирани се 12.000 лица, 174 националности во 186 земји и земена е предвид пандемија, односно испитаниците објасниле како таа влијае на нивниот живот и работа во странство.
Многумина се изјасниле дека пандемијата им го убила социјалниот живот, па затоа се чувствувале осамени, а другите испитаници морале да ја напуштат работата и да се вратат во својата земја, па сега едвај чекаат да се вратат во странство и рутината на која се навикнати.
Според „Индипендент“, најдобрата земја за работа и живеење е Тајван. Зад него се: Мексико, Костарика, Малезија, Португалија, Нов Зеланд, Австралија, Еквадор, Канада и Виетнам. Покрај најдобрите, на списокот се најлошите. А тука се вбројуваат Кувајт, Италија, Јужна Африка, Русија, Египет, Јапонија, Кипар, Турција, Индија и Малта.