Томас Маркл, таткото на Меган Маркл, смета дека неговата поранешна сопруга Дорија Рагланд треба да ја придружува нивната ќерка до олтарот на венчавката со британскиот принц Хари во сабота, јавува „Дејли Меил“, повикувајќи се на неименуван извор.

Имено, пријателот на семејството кој претпочита да остане анонимен, вели дека Томас не сака да создава натамошни проблеми и да ја посрамотува неговата ќерка. Претходно, американските медиуми објавија дека Томас Маркл одлучил да не присуствува на свадбата, по тврдењата дека тој правел фотографии за една папарацо агенција и по двете обвиненија за силувања кои наводно се случиле во 1980-те.

Според гласините, има уште една опција – невестата да чекори сама до олтарот.