Британскиот филмски и телевизиски режисер Ричард Лонкрејн го претставува својот најнов проект, романтичната комедија „Танцувачка терапија“, кој ја раскажува приказната за една средовечна жена, на која ѝ се руши светот во моментите на пензионирањето. Оваа британска комедија изобилува со смеа, солзи, танцување и нови сознанија за средните години, со порака дека никогаш не е предоцна да се најде вистинска љубов. Приказната за Сандра Абот има специфичен шарм бидејќи е топла, хумористична, цинична, но понекогаш застрашувачка.

Кога Сандра го прославува пензионирањето на нејзиниот сопруг, таа дознава дека тој ја изневерува со својата најдобра пријателка, целиот нејзин свет се врти наопаку. Таа одлучува да го напушти домот пробувајќи да си ги избрише мислите и да размисли што се случува со нејзиниот живот. Утеха наоѓа со постарата сестра, која е нејзина целосна спротивност. Може ли целосната промена на животната средина и луѓето да ја донесат Сандра до она што ѝ треба?

Сандра Абот ја одигра голема Имелда Стаунтон, ѕвездата од Хари Потер, додека во улога на нејзината сестра е Силија Имре, позната по нејзината улога во филмовите на Бриџит Џонс. Во другите улоги ќе имаме можност да ги видиме големите британски актери: Тимоти Спал, Џоана Ламли, Џон Сешнс, Дејвид Хајман и Џоси Лоренс.
Филмот „Танцувачка терапија“ почнува со прикажување во кината наскоро.