Во германскиот град Донауверт, во покраината Баварија, „Ербас“ неодамна го тестираше своето летачко такси. Пандемијата на коронавирусот ја намали сообраќајната фреквенција, но, сепак, во градовите на копно е „густо“.
Летачкото такси на „Ербас“ е автономен хеликоптер со четири седишта, електричен мотор произведен од концернот „Сименс“, осум ротори… Ова воздушно такси би требало од 2025 година да ги намали застоите на патиштата и да ги растовари градовите што се преполни со автомобили.