Тенил Данкан e мајка на шест деца, која изгледа неверојатно добро. Жената е среде своите 30-ти години, има големо семејство, а се уште не се откажува од својата страст – фитнесот.

Таа работи како личен тренер и вежба шест дена неделно.

– Секое утро се будам во 4:30 часот, па вежбам додека моите деца се уште се в кревет. Потоа го подготвувам појадокот. Откако ги испраќам нив на училиште, им се посветувам на своите клиенти- вели таа.

Откако утринските часови ќе завршат, попладне започнуваат онлајн часовите на Австралијката, преку интернет пренос во живо.

И покрај сето тоа, таа секогаш внимава ручекот и вечерата за нејзиното семејство да бидат навреме сервирани, и децата редовно да си ги пишуваат домашните задачи.