„Суперхикс“ на 3 март во МКЦ ќе прослави 25 години од својот прв настап во некогашниот „Доорс“ во Дебар Маало. „Банда инструментале“ на истиот ден, 3 март, во 1994 година првпат го размрда Скопје.

Тие во целото свое постоење им се поклонуваат на специфичниот ритам и музика, кои го исполнуваат секој што ќе ги слушне „Раде“, „Африка“, „Глупави песни“ и многуте други. „Суперхикс“ се враќаат верни на својот стил и посветени на музиката пред својата 25-годишнина. Истиот жанр го негуваат и во новата песна „Модерна љубов“, сингл чие видео излезе во јавност.

Видеото и песната „Модерна љубов“ се снимени во студиото „Тра-ла-ла“, на Мите Димовски од Скопје, и првпат како редовен и нов член на бендот учествува и Стефан Алексовски на клавијатури.