Здравствена кампања што започна во Велика Британија

„Драј џенуари“, или „сув јануари“ како што сугерира и неговото име, значи „да се биде сув“ – од алкохол. Станува збор за јавна здравствена кампања што започна во Велика Британија пред неколку години, за да привлече што е можно повеќе луѓе да се воздржат од алкохол цел месец, а набргу се прошири и во остатокот од светот. Јануари дефинитивно е месец на нови одлуки и обиди да се создадат некои нови животни навики кон кои ќе се обидуваме да се придржуваме. Освен што го симболизираат почетокот на новата година, првите денови од јануари ни носат и ситост од сè што нуди декември, без разлика дали станува збор за голем број деловни обврски, кои во еден момент ескалираат, или за богата празнична трпеза, што подразбира прекумерно уживање во храната и пијалаците. Веројатно веќе сте забележале дека вежбалниците се полни на почетокот на јануари, бидејќи многу жени и мажи се обидуваат да се вратат во колосек и да влезат во некоја стабилна рутина на животот.

Овој „тренд“ почна во Велика Британија и всушност стана многу повеќе од трендовски предизвик. Тој со себе носи повеќе предности, како што се подобар сон и поголема енергија, а може да изгубите неколку килограми и да заштедите пари. Притоа, кожата изгледа подобро, односно алкохолот е добро познат диуретик, што предизвикува да изгубиме повеќе влага од кожата, лицето станува дехидрирано и изгледа суво и безживотно. Истражувањето сугерира дека токсините во алкохолот, исто така, предизвикуваат предвремено стареење на кожата.
– Променете ја вашата дневна рутина. Скокнете го работното дружење, почнете со вежбање, запишете се на училиште за готвење, училиште за јазици или што било друго што би било ваше хоби и на што би сакале да се посветите, исполнувајќи го на тој начин слободното време. Заменете го алкохолот со некои други пијалаци. Водата би била оптимална, но ако сметате дека е „здодевна“, секогаш можете да ѝ дадете ароматични овошја и билки, како лимон и нане, за подобар вкус. Поентата е дека на крајот на месецот ќе се чувствувате одлично, расположено и полно со енергија – велат иницијаторите на „Драј џенуари“.