Култното лондонско студио „Аби Роуд“, каде што „Битлси“, „Пинк флојд“, Ејми Вајнхаус и Адел направија легендарни аудиозаписи, деновиве одбележува 90 години постоење, со настани наменети за следната генерација музичари.
Дводневните панели, сесии за слушање и разговори за луѓе што почнуваат во индустријата, ќе опфатат повеќе теми: како да се стане продуцент или инженер, разбирање на музичкото издаваштво и друго.
Се одржа и фестивалот „Амплифај“, каде што гости говорници се продуцентот Стив Мек, композиторите Стивен Прајс и Џејмс Њутн Хауард, а во рамките на одбележувањето на годишнината имаше и други забавни содржини, како забави за слушање музика и панели за фотографирање.