Интересни факти за Норвешка

Норвешка е многу богата со нафта. Од таа причина, има државен фонд од една милијарда долари, создаден од продажба на нафта, што се користи за зголемување на благосостојбата на граѓаните на оваа земја.
Интересно е што за една година не се трошат повеќе од три отсто од оваа сума.
Малкумина знаат дека архипелагот Свалбард ѝ припаѓа на оваа земја, која се наоѓа на половина пат помеѓу Норвешка и Северниот Пол. Интересно е што секој може да живее и да работи на овие острови, без оглед на државјанството.
Верувале или не, Норвежаните велат дека нешто е „тексас“ кога сакаат да нагласат дека нешто е премногу необично и лудо.
Тие го користат овој збор во секојдневниот говор уште од 1950-тите, кога западните романи и филмови биле многу популарни во оваа земја, во која Тексас се претстави како територија каде што нема правила и каде што законот многу малку се почитува.
Стриптизот легално се третира како уметничка дисциплина во Норвешка.

Имено, Апелацискиот суд донесе одлука во 2006 година дека изведбата на стриптиз за пари ќе биде ослободена од плаќање ДДВ, слично на балет, уметничка претстава или театар.
Во Норвешка постои традиција да читаат криминалистички романи и да гледаат серии и филмови од ист жанр за време на велигденските празници.
Оваа традиција, наречена „Поскектим“, почнува во 1923 година, кога писателите Нордал Григ и Нилс Ли го објавија својот криминалистички роман непосредно пред Велигден и го рекламираа објавувајќи оглас во весникот со натпис „Возот Берген беше ограбен минатата ноќ“, за што многумина сметаа дека се вистински вести.
Ова во голема мера го крена публицитетот на нивниот роман, кој потоа брзо се распродаде.