Непредвидливите берзи, брегзит и трговските војни во турбулентната 2018 година „исфрлија“ 247 луѓе од „друштвото на милијардерите“, објавува „Форбс“.

Меѓу причините за губењето на милијардерскиот статус спаѓаат правните проблеми, контроверзи поврзани со нивните компании и семејните судски спорови.

Ова најголем егзодус од клубот на супербогатите уште од 2009 година, кога 355 луѓе го напуштија елитното друштво во екот на светската економска криза.

Најмногу погодени се Кинезите кои „загубија“ 102 милијардери, додека потоа следат Индија и САД со по 22-ца, односно 12 поранешни милијардери. 

Вкупно дваесет и деветмина милијардери починаа минатата година.