Подводната планина Лас Хемелас (Близнаци) и нејзините врвови, досега ретко забележани одблизу, се издигнуваат од дното на Тихи Океан, во близината на островот Кокос, 500 километри југозападно од Кејп Кабо Бланко во Костарика. Највисокиот врв е висок околу 2.300 метри. Ова е една од подводните планини што претставуваат вистинска атракција за научниците и истражувачите.
Подводните врвови обично се формираат кога вулканските планини се издигнуваат од морското дно, но не ја достигнуваат површината. Оние што се издигнуваат над морската површина стануваат острови. Научниците проценуваат дека има околу 100.000 подводни врвови високи најмалку еден километар. Но ако вклучиме и други, од ридови до планински масиви, може да има дури еден милион.
Досега се разоткриени многу малку од овие длабоки оази во животот. Од сите подводни планини, морските биолози истражувале само неколку стотици. Веројатно има подетални мапи на површината на Марс отколку некои оддалечени делови на дното на океанот.
Научниците често немаат можност од прва рака да ги истражат падините на подводните планини, па дури и оние врвови што се поблиску до површината. Тоа е жив лавиринт од корали, сунѓери и горгонијци опкружени со рипчиња.
Претседателката на Костарика, Лора Шинчила, го прогласи Лас Хемелас за заштитено подрачје во 2011 година. Нејзината намера беше да помогне во зачувување на една од најбогатите зони на морскиот живот на целата планета.