Познатиот американски пејач Стиви Вондер ќе биде главна ѕвезда на 24-часовниот жив настан што ќе се одржи на 25 септември во Лос Анџелес, во организација на „Глобал ситизен“. Целта е да се издигне света за сиромаштијата, климатските промени и потребата да се поделат што повеќе ковид-вакцини во светот.
Официјалните претставници на „Глобал ситизен“ објавија дека, освен Вондер, ќе настапат и „Х.Е.Р.“, Адам Ламберт и Деми Ловато, а настанот ќе се случува во грчкиот театар во Лос Анџелес, пренесе агенцијата Асошиејтед прес.
– Чест ми е и задоволство што ќе бидам дел од перформансот со овие изведувачи. Ќе го одработиме својот дел во врска со подигнувањето на свеста за клучните прашања на човештвото, со што ќе придонесеме за поголемо единство во глобални рамки – изјави Стиви Вондер.