Поранешната манекенка, но и глумица, Енди Мекдауел се врати на модните писти и едноставно никој не би поверувал дека таа е на самиот праг од своите 60-ти.
Мекдауел деновиве продефилира на брегот на Сена, во Париз, по повод ревија на козметичкиот бренд „Лореал“, чие заштитно лице е веќе три десетлетија.
Притоа таа носеше шарен светкав фустан, искомбиниран со златно-резеда-син ѓердан и сандали со платформа. Имаше коментари дека најубав украс ѝ била бујната брановидна коса.