Луѓето одамна сфатија дека им треба систем на казни со што ќе ги дисциплинираат оние со „непосакувано однесување“, а во средниот век таквите казни биле страшни. Имено, пред неколку стотици години, во средновековна Европа, под општествено прифатливо однесување се подразбирале работи што денес не може да се замислат. Кој не ги почитувал правилата, бил строго казнет. За среќа, повеќето од овие закони и забрани веќе не постојат.

Играње тенис  (ако сте сиромашен)

Законот од 1495 година забранувал момчињата што не биле благородници да играат тенис, бидејќи се сметало дека со тоа ќе се поттикне коцкањето. Законите се применувале во текот на целата година, освен на Божиќ, па дури и тогаш им било дозволено да играат исклучиво во затворено, односно во куќата на нивниот господар.

Играње фудбал

Фудбалот во тоа време не се сметал за премногу цивилизирана игра. Всушност, тој не изгледал како фудбалот што го знаеме денес. Почнал како вистинска војна на терените, со многу штети, па дури и смртни случаи. На 13 февруари 1314 година, англискиот крал Едвард Втори дури издал наредба за забрана на фудбалот во Лондон. Тогашниот градоначалник на Лондон рекол дека оваа игра создава голем метеж и немири во градот, дека се слуша голема врева од јавните фудбалски терени и „од тоа можат да произлезат разни зла“. Забраната за фудбал била укината во 1650 година.

Умирање во парламентот

Според истражувањето спроведено во 2007 година, ова е еден од најглупавите закони во историјата што, верувале или не, сè уште се применува во Велика Британија. Имено, во средниот век е одлучено сите што ќе починат во парламентот да имаат право на државен погреб. Сосема е очигледно дека некогаш, еден од обичните субјекти во тоа време искористил некоја дупка во законот за да му ја обезбеди оваа привилегија на некој близок, па затоа одлуката за умирање во парламентот е строго забранета.

Мажење без дозвола на господарот

Страшен закон што покажува колку е лошо да се биде на самиот крај на социјалното скалило. Имено, во тоа време, би можеле да навлезете во голема неволја ако се омажите без знаење на вашиот господар. Сепак, тоа не е најлошото од сѐ. Во случај на смрт на сопругот, господарот наоѓа друг маж за неговата слугинка за краток временски период, а доколку слугинката не сака да соработува ќе биде строго казнета.

Крадење мртов кит

Овој закон има повеќе смисла кога ќе сфатите дека средновековната палата во основа била сè. А китовите очигледно биле на менито – но само за кралот и кралицата.

Миење овци

Во случаите од 1200-тите, Најтан Белофски во своето дело „Книга за чудни и љубопитни правни необичности“, забележува дека целото село, слугите и сите други, ќе бидат казнети ако не ги измијат овците на господарот. Веројатно стои приказна зад сето ова, но, за жал, никој не пишал детали.