Во „Котур“, в среда, 27 ноември, со почеток во 21 часот, по пауза од 10 години, концерт ќе одржи една од најдобрите акустични македонски групи, „Проект Жлуст“ во состав: Иван Бејков – контрабас и бас-гитара; Оливје Самуилан – виола (Франција); Виктор Филиповски – тапани; Ратко Даутовски – перкусии; Иван Иванов – саксофон и кларинет и Џијан Емин – клавијатури. Овој пат ќе ги слушнеме композициите на Иван Бејков и на Џијан Емин, кои се спој на џез, македонски и балкански фолклор, звуци на класичната европска традиција, во еден романтичарски манир.

Специјален гостин е музичкиот уметник од Франција, Оливје Самуилан, кој беше дел од првата постава на бендот, кој важеше за еден од највлијателните состави и кој зад себе остави голем број незаборавни концерти и неколку исклучителни изданија. Ова е ретка можност да се слушне групата „Проект Жлуст“ во живо, а ова негово враќање ќе значи и повторно обединување на врвните музичари и музички автори.