За Грејс Честејн од Браунсбург, САД, прославувањето на 18-тиот роденден било посебно поради гестот на нејзината мајка од пред 17 години. Кога Грејс наполнила една година мајка и Ким купила т.н. временска капсула. На самата прослава на првиот роденден на Грејс пред присутните од семејството и пријателите ја наполнила со спомени од нејзиното раѓање се до роденденот – накит, сметка за штедење и подароци со пораки од најблиските, пренесува „Борд панда“.

Грејс не знаела за постоењето на капсулата која последните 10 години била сокриена во подрум, покриена со кутии полни со книги, како што посочи мајката Ким. Таа објаснува зошто ја сокрила капсулата во подрумот. Нејзините деца не оделе таму бидејќи се плашеле, па така капсулата останала незабележана сиве овие години.

При врачувањето на капсулата на ќерка си, Ким подготвила фотоапарат, а објавените фотографии на Фејсбук станале хит. Ким раскажува како Грејс била многу возбудена додека ја отварала капсулата, исто како и нејзините пријателки, сите во исчекување да видат што се има во неа.

Најемотивен момент за целото семејство бил кога Грејс ги читала писмата од своите предци кои во меѓувреме починале. Но, Грејс најмногу се израдувала на сметката за штедење, накитот и парите, открила мајката за медиумите.