Педесет години од распадот на „Битлси“

На задоволство на сите што би сакале да бидат сопственици на дел од поп-историјата, аукциската куќа „Сотбис“ е домаќин на интернет-аукција на спомените на „Битлси“, по повод 50-годишнината од распадот на британскиот бенд.
На продажба има предмети што ја опфаќаат целата изведувачка кариера на бендот, вклучувајќи ја и потпишаната копија на првиот сингл на славниот квартет од 1962 година, „Love Me Do“, чија е вредност е од 15.000 до 20.000 фунти (19.000 – 25.400 долари). Меѓу понудените артикли се наоѓаат и очила што без сомнение му припаѓале на Џон Ленон во вредност од 30.000 до 40.000 фунти. Таму е и пожолтениот училиштен документ за присилен престој по завршувањето на наставата, по цена од 5.000 фунти. Документот сведочи за „лошото однесување“ на младиот Џон. кој „доцнел на часовите, зборувал за време на часовите, џвакал, правел глупости, безделничел, ја саботирал наставата“ и често „се однесувал лошо “.
На продажба е ставен и часовник „картие“ од 1966 година, проценет на 25.000 фунти. Часовникот му припаѓал на нивниот менаџер Брајан Епстајн, чија смрт се смета за клучен фактор во конечното распаѓање на славниот квартет од Ливерпул.