Емотиконите одамна се присутни во секојдневното испраќање пораки на апликациите, а сега се знае кои се најпопуларните. Ако сте меѓу оние што веруваат дека „обичниот“ насмеан емотикон, т.н. смешко, е најпопуларен, се лажете. Тој не е ниту меѓу десетте најпопуларни во 2021 година, а титулата за најпопуларен емотикон е смешко со солзи.
Податоците од конзорциумот „Јуникод“ покажуваат дека тој не е ни во топ 20, бидејќи паднал на 28-то место.
Насмеаниот емотикон со „солзи радосници“ се користи затоа што наводно не остава простор за нејаснотии и е најпопуларен уште од 2017 година. Во 2021 година, опфаќал повеќе од 5 проценти од вкупниот број испратени емотикони.
Покрај тоа, интересно е да се види колку емотиконите што ги користиме останаа конзистентни и покрај тоа што пандемијата на коронавирусот го преврте светот наопаку.
Во топ 10 најпопуларни, само една промена е забележана во изминатите две години бидејќи позициите ги замениле емотиконот две срца и емотиконот насмеано лице со три срца.
Имаше и емотикони чија популарност растеше, така што роденденската торта напредуваше од 113-то на 25-то место, додека балонот од 139-то на 48-то место. Емотиконот лице што моли направи пробив во топ 20, од 97-то место, и го зазеде 14-то место. Интересно е што емотиконот поврзан со пандемијата, односно микробот, едвај влезе во првите 500. За оние што не знаат, на корисниците им се достапни вкупно 3.663 емотикони.