„Сок станица“ е првиот хостел во Бангкок, Тајланд, со затворска тематика. Се состои од седум затворски ќелии и два прозорци во самица каде што е можно да се спие по цена од 42 евра по лице за една ноќ. За дополнителни 18 евра, можете да изнајмите затворски пижами и да направите фотографија од затвор како сувенир.
„Собите“ се со големина од само осум квадратни метри, а целиот хостел е многу мрачен, па изгледа како да сте во вистински затвор. Светлата се гасат во сите простории истовремено и наместо клучот, го добивате бројот на ќелијата во кој можете да останете по пристигнувањето. Згора на тоа, тука нема персонал за да ви служи, па мора да сторите сè, вклучувајќи и средување на креветот пред да излезете од собата.
Зад целата приказна стои брачната двојка Ситижаи Шајворапруг и Пјанат Тикаваниќ. За нив ова е прво хостелско и претприемничко патување.
– Мислевме дека луѓето ќе дојдат само еднаш да нѐ посетат, но имаме гости што се враќаат. Од досегашното искуство можеме да заклучиме дека гостите или го сакаат или го мразат ова место – признаа тие.