Компанијата „Спејс Екс“ доби дозвола од Федералната комисија за комуникација да распореди повеќе од седум илјади сателити во орбитата на Земјата, што е многу повеќе од бројката на сите сателити во моментов.

„Спејс Екс“ влезе во трката за лансирање на сателити во ниската орбита на Земјата, кои ќе служат за достап на пристапен, брз интернет за луѓето кои живеат во помалку населените места.

Новата флота од сателити, кои се само 10 сантиметри големи, ќе летаат ниско и брзо во атмосферата, а ќе понудат комуникациски врски што моментално ги спроведуваат постарите, поголеми и поскапи сателити. Планот е сателитите да бидат лансирани идната година.