Ракетниот носач „Фалкон 9“ денес успешно лансираше 57 сателити за распоредување на мрежа за глобално интернет-поврзување наречена „Старлинк“ и два мали сателита за снимање на Земјата, соопшти компанијата „Спејс екс“ на Илон Маск.

Лансирањето се случи во 7.12 часот утринава од вселенскиот центар „Кенеди“ на НАСА, на Флорида.

Претходната серија од 58 сателити беше испратена во орбитата на 13 јуни. Покрај сателитите, ракетата лансира и два мали вселенски апарати за далечинско сондирање на Замјата „Глобал-5“ и „Глобал-6“ на американската компанија „Блек скај“.

„Старлинк“ е нова генерација на сателитски систем којшто би можел да обезбедни широкопојасен пристап до Интернет за многу луѓе низ целиот свет, доколку функционира успешно.