Иако музичката ѕвезда Адел (31) се појави на последниот концерт од повратничката турнеја на поп-бендот „Спајс грлс“, членовите на групата не ја поканиле на сцената, пренесува „Дејли мејл“.

Една од спајсиците, Мел Си (45), потврди дека одбиле да пеат со Адел. Таа тврди дека не сакале Адел да им се придружи на сцената, бидејќи се плашеле дека ќе ги засени со своите гласовни способности.
– Слушнав дека со нас сакала да ја отпее „2 become 1“. Одбивме затоа што кој би сакал да пее со Адел – изјавила Мел.
Ова лето, по распродадениот концерт на лондонскиот „Вембли“, Адел им се придружи зад сцената.

– Не е тајна колку ги сакам и колку ме инспирираа да трчам по животот и никогаш да не гледам назад – рекла Адел.
Пејачката е голем љубител на бендот, а по нивниот настап, таа откри на Инстаграм дека со нив отишла на забава.